Подготовка
1. Месото исечкано на ситни парчиња го оставаме во маринадата еден час, а може и повеќе.
2. Кромидот, морковот и лукчето ги сечкаме во сечко и ги ставаме на масло да се пропржат. Откако кромидот ќе застакли и малку омекне го додаваме месото, да се пропржи. На крајот ги додаваме печурките исечкани секоја на четири дела или по желба. И нив ги пропржуваме убаво, целата смеса да се соедини, па ја префрламе во експрес лонец. Ги додаваме ловорот и црвениот пипер.
3. Ја ставаме содржината од кесичката фант за гулаш, налеваме вода до 2/3 од лонецот, а може и помалку.
4. Откако ќе почне да врие содржината во лонецот вриеме 15 минути, ја исклучуваме ринглата, а експресот го оставаме на рингла, нека продолжи варењето, ама не под полна пареа.

Забелешка
Јас ставив и повеќе од килограм кромид, така ми го сакаат дома повкусно им е.
Користам делимано експрес лонец кој е многу едноставен за користење, имено на капакот има сигнализатор кој ни кажува кога ќе постигне притисок лонецот. Кога ќе ни сигнализира, јас ја намалувам температурата на ринглата со што продолжува вриењето на содржината во лонецот, а тој не испушта пареа, освен таа што му е вишок, односно првично кога ќе постигне температура и притисок.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани