5
дек
2012
Гулаш од буковки
Кромидот се сецка ситно и се става да се пржи, се додаваат сецканите моркови, сецканата пиперка и на ленти сецканите буковки. Се пржат за да добијат златна боја. Се додава сосот од домати лукот и зачините и се остава да се динста уште 15 минути на тивок огин.
Интегралниот ориз пред да се свари се мие и се остава да стои во вода околу 30 минути. Се вари во вода во размер 1 спрема 4 на тивок оган со малку путер и сол покриен без мешање околу 40 минути. Се наросува со бибер и куркума и се служи како прилог со посниот гулаш. Добар апетит!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови