Грашок манџа со ќофте
Овој ручек е еден од омилените на моите деца, вака грашокот го јадат најмногу.
Подготовката е лесна и брза.
1. Содржината од Фант вреќичката за фаширани шницли прелијте ја со 150 мл. млака вода и оставете ја да стои неколку минути. Потоа подготвениот Фант додадете го во меленото месо, додадете го оризот, добро измешајте и формирајте ќофтиња.
2. Ќофтињата запржете ги рамномерно од сите страни и тргнете ги настрана.
3. Кромидот исечкајте го ситно и запржете го додека стане стаклест, додадете го мешаниот сув зачин и малку црн пипер, потоа ставете го брашното и пржете кратко со постојано мешање.
Ставете го црвениот пипер, пржете неколку секунди внимавајќи да не прегори и веднаш додадете ја доматата или доматниот сос. Бидејќи смесата од брашното ќе се згуснува, постепено додавајте топла вода и мешајте.
4. Штом течноста ќе почне да врие ставете ги ќофтињата и нека почнат да крчкаат.
По 10-тина минути додадете го грашокот и дотурете топла вода во количина според саканата густина на манџата. Штом се свари оризот од ќофтињата и грашакот, манџата е готова. Пред сервирање се става магдоносот и зачини по вкус. На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани