![Гратиниран пилешки стек](https://moirecepti.mk/content/uploads/2014/04/DSCN5884-61c7f2-800x600.jpg)
Гратиниран пилешки стек
Брзо, едноставно, лесно и мошне вкусно пилешко...
Стекот претходно го маринираме на тој начин што го премачкуваме убаво со сенф, од двете страни, па зачинуваме со наведените зачини. Го оставаме да отстои најмалку 2 часа, а најдобро е преку ноќ.
Потоа кратко го запржуваме месото од двете страни на загрено масло- малку масло, во грил Делимано тава.
Ги редиме во намрсен земјен сад. Врз нив редиме од парчињата свинскиот врат, па парчиња кашкавал. Ја распоредуваме павлаката, по желба наросуваме и малку оригано.
Ставаме да се печат во загреана рерна и тоа 20-30 мин. на 200Ц. степени или додека малку порумени павлаката.
На здравје!!!
Лиценца: Сите права се задржани