Говедски гулаш
Може ли гулаш да не биде вкусен?
Месото исецкајте го на парчиња по желба и пропржете го во загреана масло. Празот исецкајте го на парчиња и пропржете го додека да испари течноста, а потоа соединете го со месото. Додадете ги морковите и фантот. Покријте со капак и нека прокрчка окулу еден час. Проверувајте го месото кога е готово. По потреба додавајте течност, вода или вино. Зачинете по вкус доколку сакате, иако фантот овој пат беше доволен.
Можете да користите и МЕСО ОД ТЕГЛА
Пред крај доколку сакате можете да го дадете густинот промешан во водата. Јас често го практикувам ова, бидејки сакаме сосчиња во кои си мацкаме топло домашно печено лепче :)
Лиценца: Сите права се задржани