Испечати

Говедски гулаш

Говедски гулаш

Состојки

  • 500 гр говедско месо
  • 2-3 парчиња морков
  • 1 страк праз
  • 200мл вода
  • 1 голема лажица густин
  • 1 пакување фант за гулаш
  • Зачини по желба
  • сол, бибер, ловоров лист, мајчина душичка, чубрика...

Подготовка

Може ли гулаш да не биде вкусен?

Месото исецкајте го на парчиња по желба и пропржете го во загреана масло. Празот исецкајте го на парчиња и пропржете го додека да испари течноста, а потоа соединете го со месото. Додадете ги морковите и фантот. Покријте со капак и нека прокрчка окулу еден час. Проверувајте го месото кога е готово. По потреба додавајте течност, вода или вино. Зачинете по вкус доколку сакате, иако фантот овој пат беше доволен.
Можете да користите и МЕСО ОД ТЕГЛА
Пред крај доколку сакате можете да го дадете густинот промешан во водата. Јас често го практикувам ова, бидејки сакаме сосчиња во кои си мацкаме топло домашно печено лепче :)