Овој рецепт е основа за готвење, рецепт кој секогаш треба да го чуваме при рака, како алатка во кујна. Фичо ќе ни покаже како да направиме домашни бујони.

Подготовка

Чекор 1: За пилешкиот бујон да има димен вкус и мирис, а и потемна боја потребно е прво да ги потпечете пилешките коски во загреана рерна на 200 степени едно 15-20 минути.

Во сад на оган ставете околу 2 литра вода и додадете го пилешкото. Исецкајте го зеленчукот и додадете го во садот. Се' заедно оставете да се вари околу 1 час на средна температура или додека да се намали течноста на половина.

Чекор 2: Говедскиот бујон е база за многу јадење и сосови. Дава богат вкус, има полно тело и атрактивна боја. Добро е да го имате во секое време.

Коските што ќе ги набавите, замолете ги во месарата да ви ги исечат на парчиња. Така ќе ослободат уште побогат вкус. Печете ги на 220 степени 1 час, максимум час и половина.

Во садов во кој што ќе го приготвувате бујонот ставете го исечканиот зеленчук и малку ќе го запржите колку да фати боја. Додадете го доматното пире и виното.

Гответе додека да добиете убава златна боја. Извадете ги на кујнска хартија да ја впие маснотијата, потоа вратете ги на оган и додадете 3 литри вода.

Варете на тивко 3 часа додека да се намали течноста на половина.

Чекор 3: Сите зеленчуци запржете ги во масло, додадете им 2 литри вода и варете ги покриени со капак додека смесата не згусне. Тргнете го капакот и оставете ја смесата да врие уште 20 минути.

СОВЕТ: Бујоните може и да ги замрзнете во кесички од половина литар или литар, па да ги користите по потреба.