Гибаница со палачинки
Прво тргаме на страна 4 кори, а останатите ги делиме на половина.
Во намрсено тавче бр.40 ги редиме првата половина од корите. Корите прво ги гужваме и ги мацкаме во филот од јогуртот, сирењето, маслото и јајцата.
Корите се редат една до една низ цело тавче и над нив ги редиме палачинките филувани, 5 палачинки филовани со намазот и кашкавал, а останатите 5 со кечапот и саламата.
Палачинките се редат наизменично,една со кечап до неа со млчен намаз и се така дури да се потрошат. Над палачинките се редат другата половина од корите исто мацкани во фил и гужвани.
Најгоре се редат 4 кори што ги тргнавме настрана и секоја се прска со масло.
Се печи на 190 степени,35 мин.
Ако сакате најгорните кори да се покрцкави, кога ќе се испечат не ја покривајте
гибаницата.
Многу вкусна и декоративна гибаница.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови