Гибаница мафини
1. Се става сирењето во длабок сад, се додаваат јајцата, зејтинот, киселата вода, прашокот за пециво и солта.
2. Корите, завиткани како ролат, се сечат во ленти од 2 см. Се растерсуваат.
3. Корите се ставаат во филот што сме го приготвиле и добро промешуваме.
4. Со лажица сипуваме од масата во калапи за мафини, кои се предходно премачкани со маргарин и посипани со брашно (ова не е потребно во силоконските калапчиња).
5. Се става по едно парченце маргарин и се посипуваат со сусам.
6. Се печат на 220 ст.С додека поруменат.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
мене ми се изгубија со селење и сега патам по нив :) :) :) :)
ако не се тие од ројал, те молам кажи ми од каде се и дали лепат. јас купив еден силиконски куглов од џамбо, ама мора да се намачка, а мене тоа ме мрзи :) :) :) :)
можеш слика да ми ставиш или барем фирма?
одамна ги купи? ги има уште?
кога ќе одам во скопје да си ги купам....и шеќерко да ме остави во продавницата со фискална во рака и да исчезне засекогаш. во последно време се откорнав од купување на такви (за мене) многу важни потребштини :) :) :) :)
МоиРецепти
Сигурна сум дека ќе се прекрасни, како и сите Делимано производи :)
прво доаѓање во скопје си ги купувам. да не ги лажам сите дека во рецептот има морков кога ми се љушти од миксерот она глупавото во кое миксирам :) :) :) :)
Ќе мора редовно да ја следите веб-страницата www.delimano.com.mk за да ги имате сите новини.
Ќе се трудиме и ние да ве информираме што почесто. :)