Гибаница мафини
Состојки
- 500 гр готови кори
- 500 гр урда или ситно сирење
- 4 јајца
- 1 пак. прашок за пециво
- 1 шољичка зејтин
- 1 шољичка кисела вода
- 1 лажиче сол
Подготовка
1. Се става сирењето во длабок сад, се додаваат јајцата, зејтинот, киселата вода, прашокот за пециво и солта.
2. Корите, завиткани како ролат, се сечат во ленти од 2 см. Се растерсуваат.
3. Корите се ставаат во филот што сме го приготвиле и добро промешуваме.
4. Со лажица сипуваме од масата во калапи за мафини, кои се предходно премачкани со маргарин и посипани со брашно (ова не е потребно во силоконските калапчиња).
5. Се става по едно парченце маргарин и се посипуваат со сусам.
6. Се печат на 220 ст.С додека поруменат.