Вртени спирали со крем сирење
Ова тесто се спрема од вечерта, а се спрема утредента. Измешајте го брашното, сол, шеќер и квасец. Додадете го млекото и јајцето месете го тестото со постепено додавање на маргаринот. Тестото треба да биде мазно, сјајно и да не се лепи за рацете. Доколку е потребно уште брашно додадете. Готовото тесто ставете го да става додека да се удвои волуменот потоа размесете го покријте со најлонска фолија и оставете го до утредента во ладилник.
Утрото се вади тестото од ладилникот се расукува на набрашнета работна маса во правоаголник со должина околу 50см, а ширина околу 30 см. Исечете 8 ленти виткајки ги во спирали, а потоа замотајте во круг. Редете ги во намрсен плек, премајкајте ги со изматено јајце.
Крем сирењето измешајте го со шеќерот и изматени 3 лажици јајце. Со лажица од кремот ставете врз спиралите на средишниот дел еден слој од страните да остане празен. Оставете ги да отстојат 1 час потоа печете во загреена релна на 200С.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Jas bi dodala i suvo grozje natopeno vo rum vo filot od sirenje :)
П.С.: Кај погачките си поднесов рапорт со мало закаснение, денес ;)