Вроче П мафини
Мафиниве се лудило. Интересни во идејата, но сепак прекрасни и во печењето - прекрасно нараснуваат!
Името ќе го оставам вака. Не е целосно, но и тоа ми е фасцинантно. Како и името, така и декорацијата на мафинкиве овде ќе е скратена )))
Во подлабока вангла се мешаат сувите состојки, па се додаваат и останатите.
Сето ова заедно, одеднаш се миксира со миксер или со рачна пасирка до кремаста структура.
Пред крај се додава доматното пире или кечапот и ориганото и кратко се миксира, а потоа рачно се мешаат кашкавалот, пиперката и саламата претходно ситно исечкани на мали коцки.
Од тестото се става до горе во калапите за мафини кои претходно сте ги намастиле.
Во средината се става по една линија кечап.
Се печат во загреана рерна на 180 С. Прво убаво ќе нарастат, па уште малку да добијат боја на печени.
Кој сака, за посебни прилики можи да ги украси со парче салама како во дополнителната слика )))
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
независно од името. овие се, ми се чини највоздушестите мафини кои сум ги направила и пробала. едноставно измешано, а прекрасни уште во печењето се осеќаат. секоја препорака доколку е некој за солени мафинчиња да ги избери баш овие