Испечати

Вроче П мафини

Вроче П мафини

Состојки

  • 300 гр брашно
  • 1 лажиче сол
  • 1 пакетче прашок за печење
  • 2 јајца
  • 100 мл млеко
  • 100 мл масло
  • 200 мл кисело млеко
  • 1 лажиче оригано
  • 1 пиперка
  • 125 гр салама
  • 125 гр кашкавал
  • 1 мало филџанче доматно пире или кечап

Подготовка

Мафиниве се лудило. Интересни во идејата, но сепак прекрасни и во печењето - прекрасно нараснуваат!
Името ќе го оставам вака. Не е целосно, но и тоа ми е фасцинантно. Како и името, така и декорацијата на мафинкиве овде ќе е скратена )))

Во подлабока вангла се мешаат сувите состојки, па се додаваат и останатите.
Сето ова заедно, одеднаш се миксира со миксер или со рачна пасирка до кремаста структура.
Пред крај се додава доматното пире или кечапот и ориганото и кратко се миксира, а потоа рачно се мешаат кашкавалот, пиперката и саламата претходно ситно исечкани на мали коцки.

Од тестото се става до горе во калапите за мафини кои претходно сте ги намастиле.
Во средината се става по една линија кечап.
Се печат во загреана рерна на 180 С. Прво убаво ќе нарастат, па уште малку да добијат боја на печени.

Кој сака, за посебни прилики можи да ги украси со парче салама како во дополнителната слика )))