4
мај
2014
Вреќички со пилешко
Прво го правиме филот.
Во тавче го пржиме кромидот, печурките и пилешкото филе. Кога ќе се испржи додаваме кисела павлака и рендан кашкавал уште малку оставаме да се попржи. Солиме додаваме сув зеленчуки ставиме на страна.
Од состојките за палачинки правиме палачинки и ги пржиме.
На испржената палачинка во средина ставимо фил и ги врзувамо со младо кромидче.
Така постапуваме со сите палачинки.
Овие палачинки многу убаво ќе ја украсат вашата маса за роденден или некоја прослава!
Пробајте вкусно е!
Лиценца: Сите права се задржани