Најпрво подгответе ја смесата за палачинки
Во сад ставете ги сите состојки и со миксер на мала брзина изматете ги да се добие изедначена смеса. Потоа оставете ги да отстојат.
Во меѓувреме подгответе ја руската салата.
Компирите и јајцата излупете ги и исецкајте ги. Исецкајте ги и саламата, кашкавалот, морковите и краставичките. Ставете ги во сад, додајте го грашакот, посолете по вкус и измешајте ги со мајонез.
Салатата оставете ја во фрижидер и испечете ги палачинките.
Печените палачинки завиткајте ги во најлон или фолија и покриени со крпа оставете ги да оладат.
На секоја палачинка во средината ставете по 2-3 лажици од руската салата,соберете ја кон средината и заврзете ја со кујнски конец.
Од оваа доза јас направив 10 палачинки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани