Испечати

Вреќички од палачинки со руска салата

Вреќички од палачинки со руска салата

Состојки

  • Палачинки
  • 2 и 1/4 чаши од 200 мл млеко
  • 2 чаши брашно
  • 2 јајца
  • по вкус сол
  • 3 лажици масло
  • Фил - руска салата
  • 3 средни (450 гр) варени компири
  • 2 (110 гр) варени моркови
  • 2 мали варени јајца
  • 2 кисели краставички
  • 2 раце грашак
  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • 6-7 лажици мајонез
  • по вкус сол

Подготовка

Најпрво подгответе ја смесата за палачинки
Во сад ставете ги сите состојки и со миксер на мала брзина изматете ги да се добие изедначена смеса. Потоа оставете ги да отстојат.
Во меѓувреме подгответе ја руската салата.
Компирите и јајцата излупете ги и исецкајте ги. Исецкајте ги и саламата, кашкавалот, морковите и краставичките. Ставете ги во сад, додајте го грашакот, посолете по вкус и измешајте ги со мајонез.
Салатата оставете ја во фрижидер и испечете ги палачинките.
Печените палачинки завиткајте ги во најлон или фолија и покриени со крпа оставете ги да оладат.
На секоја палачинка во средината ставете по 2-3 лажици од руската салата,соберете ја кон средината и заврзете ја со кујнски конец.
Од оваа доза јас направив 10 палачинки.