Тортава ми е љубав за сва времена! Тортиште!

1. Белките се матат пенасто и додека се мати, полека се додава шеќерот. Се мати до цврст снег. Над смесата се просејува брашното, се додаваат мелените и сецканите ореви и со шпатула полека се промешува. Мешањето треба да биде кртако и полека колку да се соедини смесата, а да остане воздушесто.
2. Се пече на 180Ц во тава/плех од шпорет обложен со хартија за печење. Времето на печење зависи од рерната, но секако се пече до сува чепкалка. Ладниот пандишпан се сече на 3 еднакви ленти.

3. Шеќерот се пржи на тивок оган додека не стане карамел и се трга од оганот. Во карамелот се додаваат мелените ореви. Брзо се меша бидејќи одма се стврднува, па се истура во намастен плех или на хартија за печење. Кога ќе се олади, карамелот се толчи во аван. Исто така може да се истолчи и на даска за сецкање, во ќесичка или хартија за печење. Гријажот е готов.

4. Жолчките и шеќерот се матат на пареа додека стане крем и се остава да се лади.
Путерот се мати пенасто и се додава во ладниот крем. Од филот се одвојува 2-3 лажици за премачкување на тортата, а во остатокот се додава гријажот и се меша за да се соедини со филот.

Се филува тортата и се декорира по желба. Овој пат, декорирано е со чоколаден шлаг крем. Може да се украси и со мелени ореви, чоколадни трошки и сл.

У/ивајте во класика вкусовите!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор-Сподели под исти услови