Лисната,вкусна,богата пита.Најпрвин се ставаат 100 милилитри млака вода со 1 коцка квасец,1 лажица брашно и малку шеќер во еден сад и се остава квасецот да се активира и надојде.Во брашното се прави вдлабнатина и се става солта,шеќерот,зејтинот,оцет и полека се дотура од млакото млеко.Се замесува средно меко тесто и се остава да одмори 15 минути,значи не да се дуплира тестото,туку само да одмори.За тоа време се запржува спанаќот со малку зејтин и сол.Кога е готов се ренда на крупно и сирењето во него.
Од тестото се прават 6 топчиња .Од секое топче се расукува кора(со дијаметар 35-40 сантиметри).Врз кората се премачкува омекнат маргарин,па врз него се става 1/5 од филот.Се зама второто топче и тоа се расукува во кора,се премачкува со маргарин,се става врз првата кора,па се става од филот.Така и со останатите топчиња.Врз најгорната кора не ставаме ни од маргаринот.ниту од филот.Од добиениот катмер сега полека расукуваме правоаголна кора со димензиите како на плехот во кој ќе ја печеме питата.Добиената кора ја сечеме во должина на 8 ленти.Од секоја лента мотаме спирала и ја ставаме во плех ,подмачкан со маргарин.Питата ја покриваме и ја оставаме да одстои 40 минути.Пред печење ја премачкуваме со разматена жолчка со 1 лажичка зејтин и 1 лажичка млеко.Поросуваме со сусам.Питата ја печеме на 180-200 степени 30 минути.
На здравје

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови