Вкусни....

Ребрата убаво измиени, се псолуваат со сол, зачинуваат со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер.Се оставаат така да отстојат најмалку 2 часа, а најдобро преку ноќ.
Се ставаат во тавата во која ќе се печат.
Се налева пивото и водата, се додаваат ловоровите ливчиња.
Тавата се обликова со алу фолија и се ставаат да се печат во загреана рерна.
Печењето е околу 4 часа на 150 степени-бавно печени.
А, печењето оди вака
- после изминати 2 часа се превртуваат од другата страна и се додаваат компирите и морковите издробени на крупно.Повторно се става фолијата и се продолжува со печење.
-После 1 час се трга фолијата и повторно се превртуваат ребрата.Се оставаат така да зацрвенуваат.
-По изминати 45 мин.(кога добиле на боја) се премачкуваат во танок слој со барбиќју сосот.Се враќаат во рерна додека тој карамелизира, но сега температурата ја зголемуваме на 220 степени.

На здравје!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани