Испечати

Вкусни свински ребра со Barbecue sauce

Вкусни свински ребра со Barbecue sauce

Состојки

  • 2кг. свински ребра
  • по вкус и потреба зачини (мешан сув зеленчук, црна пипер, сол)
  • 3-4 ловорови ливчиња
  • 250мл. пиво
  • 250мл. вода
  • по потреба барбикју сос
  • неколку компири
  • неколку моркови

Подготовка

Вкусни....

Ребрата убаво измиени, се псолуваат со сол, зачинуваат со мешан сув зеленчук и мелен црн пипер.Се оставаат така да отстојат најмалку 2 часа, а најдобро преку ноќ.
Се ставаат во тавата во која ќе се печат.
Се налева пивото и водата, се додаваат ловоровите ливчиња.
Тавата се обликова со алу фолија и се ставаат да се печат во загреана рерна.
Печењето е околу 4 часа на 150 степени-бавно печени.
А, печењето оди вака
- после изминати 2 часа се превртуваат од другата страна и се додаваат компирите и морковите издробени на крупно.Повторно се става фолијата и се продолжува со печење.
-После 1 час се трга фолијата и повторно се превртуваат ребрата.Се оставаат така да зацрвенуваат.
-По изминати 45 мин.(кога добиле на боја) се премачкуваат во танок слој со барбиќју сосот.Се враќаат во рерна додека тој карамелизира, но сега температурата ја зголемуваме на 220 степени.

На здравје!!!