Вкусни мекици со млеко и јајца (Лангиди)
Според овој рецепт ќе подготвите брзи и вкусни мекици.
1. Млекото го затоплуваме, ама да не биде врело.
2. Во длабок сад за месење, квацесот се растопува во млако млеко и се додаваат јајца, зејтин, сол и шеќер.
3. Во смесата додаваме брашно онолку колку што е потребно за да се замеси тесто, отприлика потребно е околу 1 кг. брашно.
4. Тестото убаво се замесува и се остава да стои додека да нарасне.
5. Откако ќе нарасне, се кине од тестото топче (големо колку јајце) и со рака се развлекува да му се даде долгнавеста форма, (форма на мекица).
6. Во загреано масло се пржат мекиците додека да добијат убава златна боја.
Со домат и сирење, мекиците се идеални за појадок.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови