- Се прави во правоаголно плехче средно, се премачкува плехчето малку со масло и се обложува со хартија за печење. Се вклучува рерната на 220 степени да се загрее.

- Прв пандишпан
Најпрво се матат белките пенасто, па се додава шеќерот лажица по лажица и се мати додека да се стопи шеќерот. Се додаваат 250 грама мелени ореви, 2 лажици зејтин и 2 лажици брашно и убаво се промешува со дрвена лажица или жица или една маталка од миксерот. Се истура во плехчето и се става да се пече на 200 степени.

- Веднаш се започнува со подготовка на вториот пандишпан.
Во сад се матат 7 белки пенасто, па се додава лажица по лажица шеќер и се мати додека да се стопи шеќерот. Се додаваат 250 грама кокос, 2 лажици зејтин и 2 лажици брашно и убаво се промешува.
Кога првиот пандишпан ќе почне да фаќа како кора одозгора, се вади од шпоретот и одозгора му се става смесата со кокос за вториот пандишпан и се враќа да се пече. Ќе знаете дека е готов кога кората од кокос ќе почне да добива златеста/жолтеникава боја.
- Се вади од шпоретот, малку да олади, се превртува полека внимателно наопаку за да се извади хартијата, па се остава убаво да излади.

Додека се лади се спрема филот. (А може да се спреми и пред печење на колачот, пошто треба да се чека и тој да олади)
Фил
На пареа се матат 14 жолчки со 250 грама шеќер се додека убаво се стопи шеќерот и се згуснат. Откако ќе се згусне убаво се додаваат 250 грама чоколадо и се меша додека да се стопи. Кога убаво ќе се стопи се трга од огин и се остава убаво да олади.
- На страна пенасто се мати маргаринот и откако убаво ќе се излади се додава чоколадниот фил.
- Оладениот пандишпан полека се превртува наопаку (нагласувам полека и претпазливо) бидејќи можно е белиот пандишпан од кокос да испука и откако ќе се преврти се премачкува со филот.
- Одозгора за украс се ренда 50 грама бело или црно чоколадо.
- Се остава убаво да се стегне и излади па се сече.

Преубав, најубав, пробајте, наздравје !!!
Иначе јас не обичам, и не јадам ништо со кокос, ама ова е ... мх мх мх.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови