Докажано и потврдено е дека тестата подготвени со компир или замесени со јогурт се многу меки и вкусни. Како денес од ручекот ми остана една количина пире, приближно 3 големи лажици, со врв, да не го фрлам, хехехеее... решив да го искористам и да меснам нешто со него.

1. Најпрво квасецот со водата, шеќерот и малку брашненце измешајте го и оставете го да се активира.
2. Потоа, ставете го другото брашно, солта, маслото и пирето и замесете тесто. Немојте, ако ви се гледа лепливо, да додавате многу брашно, можете уште лажица, две, ама сепак тоа ќе остане мааалку лепливо поради пирето. Оставете го да се дуплира.
3. Од тестото на намаслена површина формирајте две векнички. Немојте да го премесувате, само со рацете направете форма. Секоја векничка испрпелајте ја во афион. Ставете ја на плехот покриен со хартија.
4. Сега со ножица, сечете ја под агол од некаде 45 степени, не до долу, и секое парче префрлувајте го на спротивна страна.
5. Оставете ги да скиснат малку, а за тоа време приклучете ја релната на 220 степени. Печете додека не поруменат.
Се доби многу меко, сунѓересто тесто. Се изедоа уште топли.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани