Векнички со афион и пире
Докажано и потврдено е дека тестата подготвени со компир или замесени со јогурт се многу меки и вкусни. Како денес од ручекот ми остана една количина пире, приближно 3 големи лажици, со врв, да не го фрлам, хехехеее... решив да го искористам и да меснам нешто со него.
1. Најпрво квасецот со водата, шеќерот и малку брашненце измешајте го и оставете го да се активира.
2. Потоа, ставете го другото брашно, солта, маслото и пирето и замесете тесто. Немојте, ако ви се гледа лепливо, да додавате многу брашно, можете уште лажица, две, ама сепак тоа ќе остане мааалку лепливо поради пирето. Оставете го да се дуплира.
3. Од тестото на намаслена површина формирајте две векнички. Немојте да го премесувате, само со рацете направете форма. Секоја векничка испрпелајте ја во афион. Ставете ја на плехот покриен со хартија.
4. Сега со ножица, сечете ја под агол од некаде 45 степени, не до долу, и секое парче префрлувајте го на спротивна страна.
5. Оставете ги да скиснат малку, а за тоа време приклучете ја релната на 220 степени. Печете додека не поруменат.
Се доби многу меко, сунѓересто тесто. Се изедоа уште топли.
Лиценца: Сите права се задржани
Ti pak Jule - slavam, mnogu slavam, neoti go znaeme salam i znacenjeto na samiot den...tuku pravam kefovi na vnukot- neka se pravi vazen malku oti nikoj ne pravi, ete - samo nie sme pravele nesto za praznikot, mnogu gledaat televizija decata pa ke im pritekne nesto, a nie babite..sto da ti kazuvam, samo kefovi pravime... Pozdrav Jucika i sakam da te vidam veke na toa ekranot... sto velat hrvatite - ke ti drzam figi...
Kako napisav pogore, nekade 180 ml voda, i 7 gr suv kvasec staviv, malku pomeko testo, tvoite formi se poubavi :)))))
I ovde ke zamolam, ako moze po poveke sliki vo eden komentar da se stavaat :))
Ќе се потрудиме тоа да го направиме.
Jas vcera, uspeav samo edno delce da kasnam, koga dojde sin mi go potamani za mig :)))))))))))
МИС БИТОЛА ИЗ БЕЕЕЕЕЕК!!!!!!!!
па имаше ли смисла да те нема толку долго?
се надевам се' е во ред. во случај да пропушти добри вести, ќе ми славите МЕКИЦИ овде на мои рецепти во декември. терам 8ми месец инкубаторство, некои го викаат трудност :) :) :) :)
туку, прочитав некаде низ кометари, ама не запамтив добро: ќе те има ли на телевизија? :)