Ватрушките на Веси
Ватрушки, да токму така се викаат, интересни, едноставно убав доручек или закуска
- Растворете го квасецот во јогуртот.
- Во сад ставете го брашното, измешајте во него солта и шеќерот, ставете јајцето, додајте јогуртот со квасецот и замесете го тестото. Домесете додавајки го зејтинот. Оставете да го дуплира волуменот - значи убаво да стаса.
- За тоа време спремете го филот - обарете го спанаќот, истискајте го од водата, додадете ронетото сирење или урда, осолете на вкус.
- Откако стасало тестото поделете го на 12 -14 дела, направете топчиња и распоредете ги во тавата во која што ќе печете и во која сте ставиле хартија за печење. Нека бидат на растојание едни од други затоа што ќе стасаат и многу да не ви се залепат.
- Откако сте ги направиле топчињата од тестото, оставете ги на 10 мин. да одморат.
- Со дното од чаша, за која е се исто дали ќе го намрснете дното со зејтин или едноставно брцнете во брашно, направете ги влдлабнатините поставувајки го дното на чашата врз топчето и притиснете. Потоа со вилушка или чепкалка оформеното дно избоцкајте го. Вака оформени наполнете ги со фил од по 1 лажица (сами проценете), оставете 10-15 мин. повторно да стасаат.
- Печете на 180 степени во предходно загреана рерна се до нивно зацрвување. Извадете и веднаш премачкајте ги со маргаринот.
Најдобри се кога се топли, но не ништо страшно да се јадат и оладени.
Нека ви е слатко!
Веси, поздрав!
Забелешка
И по самите сликите ќе видите дека можете фил да си спремите каков што сакате, јас правев со спанаќ, сирење и јајце и само сирење измешано со јајце.
Лиценца: Сите права се задржани