Вариво од зелка со ќофтиња
Исечкајте ја зелката и изрендајте го морковот, па ставете ги во тенџере.
Врз нив ставете ги зачините и ставете вода околу една чаша, чаша и пол ако е поголема зелката, исто како кога сакаме да вариме тиква. Поклопете со капак и оставете да динста на температура која нема да смета да прелива од поклопениот капак. Порано не можев да поднесам кога се вареше зелка, а и не ја сакам кога е во вариво да ја бркам низ течноста. Овој начин на варење го применуваше мојата мајка. Бо текот на варењето зелката нежно се динста, а од зачините се шири пријатна миризба која исто така се впиваат и во зелката.
Веднаш или уште подобро пред се, ги спремаме ќофтињата, Кромидот го рендаме или ситно сечкаме, лебот го топиме со вода и се заедно месиме до убаво соединување на смесата. Оставаме малку во фрижидер да се стегни обликуваме мали топчиња.
Откако зелката слегнала во тенерето и водата доаѓа до израз, се ставаат ќофтињата. Секао, претходно ако сакате можи да ги пропржите малце (јас тој чекор галантно го избегнувам и ништо не им фали).
Кога е се сварено на крајот се спрема запршката и се запржува варивото.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови