Сите горенаведени состојки за ќофтињата се мешаат со лажица или со рака ако ви е полесно.
Смесата се остава да одлежи 15-20 минути, а потоа се обликуваат ќофтињата. Најдобро е да се поситни, бидејќи полесно ќе се сварат. Јас си дозирам со помош на една голема лажица.

Водата, заедно со зачините, се става во подлабок сад на оган да зоврие. Кога веќе убаво ќе почне да врие се пуштаат претходно обликуваните ќофтиња. Потоа огнот може малку да се поднамали и садот да се остави полупокриен.

Ќофтињата се готови кога ќе пливнат на површината од водата или едноставно пробајте дали оризот е сварен. Потоа извадете ги од садот, а во преостанатата вода додајте го брашното и направете ја кашата, но да не биде прегуста.
Додавањето брашно може да го прескокнете, па да добиете еден вид на супа. Во неа повторно вратете ги ќофтињата.

Зејтин не е потребно да се додава бидејќе самото месо ќе си пушти.

Напомена
За време на варењето нормално е дел од оризот во ќофтињата да отпадне во течноста.Тоа не значи дека ќе се распаднат. Немојте да ги мешате!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови