Ванилици со свинска маст, портокал и лешници
Моите омилени зимски колачиња на 100 начини.. ))))
Превкусни и во оваа комбинација.
Најпрво се мати маста со шеќерите, па се додаваат жолчката и јајцето.
Се додава сокот и кората од портокал.
Па се додава брашното, пецивото и сецканите лешници и се меси со рака.
Се добива меко тесто и се завиткува во фолија.
Се става да одмори во фрижидер на саат-два.
На малу побрашнета подлога се отвора кора со дебелина од 0,5-1цм. и се вадат форми.
Се печат во загреана рерна и тоа околу 15 мин., на 180 степени, внимаваме треба да останат бели.
Топли се валкаат во шеќер во прав.
На здравје!
Лиценца: Сите права се задржани