Подготовка:

1. Во вангличка се ставаат свинската маст, ванилите и шеќерот во прав. Се мати со миксер 2 минути.
Се додава и киселата павлака. Убаво се соединува пак со миксер. Се додава сол, некое зрно, пецивото и брашното. Се замесува средно меко тесто. Се завиткува во прозирна фолија и се остава во фрижидер да отстои тестото 30 минути.
2. Потоа тестото се дели на 2,3 топки. Се сучат кори, дебели од 2 до 4мм. Со помош на модлички се вадат форми. Се редат во ненамастен плех. Излегуваат 2 плеха од оваа доза.
3. Се печат на 170,180 степени околу 13,14 минути. Треба да останат бели, само нежно на краевите да заруменат. Малку оставаме да се изладат, па ги валкаме во шеќер во прав, ги лепиме со мармалад.
Ги редиме во кутии. Долго може да стојат на ладно. Колку повеќе стојат, толку се покревки.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани