Испечати

Ванилици со свинска маст, портокал и лешници

Ванилици со свинска маст, портокал и лешници

Состојки

  • 200 гр. свинска маст
  • 5 лажици шеќер
  • 1 ванилин шеќер со портокал
  • 1 жолчка
  • 1 јајце
  • од 1 портокал-рендана кора и сок
  • 500 гр. брашно
  • 2 ,5 гр. пециво
  • 100 гр. сецкани ореви, лешници или пак бадеми
  • За валкање
  • по потреба шеќер во прав

Подготовка

Моите омилени зимски колачиња на 100 начини.. ))))
Превкусни и во оваа комбинација.

Најпрво се мати маста со шеќерите, па се додаваат жолчката и јајцето.
Се додава сокот и кората од портокал.
Па се додава брашното, пецивото и сецканите лешници и се меси со рака.

Се добива меко тесто и се завиткува во фолија.
Се става да одмори во фрижидер на саат-два.

На малу побрашнета подлога се отвора кора со дебелина од 0,5-1цм. и се вадат форми.

Се печат во загреана рерна и тоа околу 15 мин., на 180 степени, внимаваме треба да останат бели.

Топли се валкаат во шеќер во прав.

На здравје!