Ванилици со маст, павлака и лимон
Ова се колачи направени по рецепт запишан во најстарата тетратка на мајка ми, најверојатно некаде во шеесет и некоја година.
Салото изматете го со миксер заедно со шеќерот, ванилата, јајцето и жолчката да стане пенесто. Додајте ја киселата павлака, сокот од 1/2 лимон и изматете добро да се соедини. Во брашното измешајте ја ренданата кора од лимон, па додајте го во претходната смеса. Замесете мазно тесто кое не се лепи.
Загрејте ја рерната на 180Ц.
На два плеха од шпоретот ставете хартија за печење.
Белката ставете ја во еден мал длабок сад. Не ја матете.
Дел од оревите ставете во еден плиток сад. Не ги ставајте сите ореви одеднаш, зошто ако се навлажнат нема да се лепат за колачите.
Од тестото правете мали топчиња, спуштајте ги во белката, извалкајте ги во оревите и редете ги на плехот. Не мора да се многу раздвоени, малку нараснуваат во печењето.
Печете ги 15 - 20 мин., сосема малку да заруменат.
На средно силен оган ставете го мармаладот и шеќерот да проврие, па кратко варете го мешајки да се растопи шеќерот.
Со малку жежок мармалад спојувајте по 2 колачина.
Чувајте ги во добро затворена кутија. Од наведената количина состојки, мене ми испаднаа 60 колачи.
Лиценца: Сите права се задржани
Браво!
Ama pred nekade mesec dena se iznenadiv koga go procitav ovoj recept vo navistina najstarata tetratka na majka mi... Po sostav se malku razlicni od toa sto ti go napisa ovde, a nalik skoro identicni, ako polnezot se izzemi. Kef mi e sto ti se bendisaa :)
Сликата многу убава.
А колачињата се викаат така веројатно зошто се составени од две полутопки.
Поздрав
Ти благодарам за рецептот.
Ke go citam ubaviot komentar i ke se smeskam zadovolno :))
Fala ti mnogu :))
и колку да разјасниме НЕ ПРИЗНАВАМ НИШТО ДРУГО ОСВЕН МАСТ! :) :) :) :)
Како и секогаш,одлично
ги направив уште пред нова година, затоа се вакви, ама не ги лепев за да се спасам себе си од дополнително чистење. јасно ни е на сите дека двеве по дома ќе ги испозалепеа стручно по цела куќа :) :) :) :)
превкусни, излапкани за час ДУПЛА ДОЗА бушава битолчанке, ДУПЛА доза, а не како твоиве аматерски ко за пола човек :) :) :) :)
Fala ti najmnogu!! :)))