Се става маслиновото масло да се загрее и потоа се додава сецканиот праз. Се динста додека празот не омекне. Потоа се додава ренданиот морков и се продолжува да се динста. Додадете морска сол и малку вода и динстајте уште 5 мин.
Во посебен сад се мие булгурот и се додава кај празот. Додадете ја водата и куркумата и варете на тивок оган додека не испари течноста, а булгурот биде сварен. По потреба може да се додаде вода. Откако се ќе се свари се додава лукот во прав и лимоновиот сок. Се добро се меша.
Се сервира во комбинација со маслинки или пак некое месо по ваша желба.
Добар апетит

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови