30
јан
2022
Салата со булгур и зеленчук
Подготовка:
1. Во врелата вода растворете ја зеленчуковата коцка.
2. Булгурот ставете го во некој сад и попарете го со жешката течност. Покријте го и оставете го се додека не ја впие течноста.
3. Исечкајте го кромидот, краставицата, доматот и магдоносот и промешајте. Во тоа ставете го булгурот, закиселете со лимон, посолете по вкус и ставете му две-три лажици ладно цедено маслиново масло. Промешајте и послужете.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови