Вкусна и несекојдневна салата.

1. Зеленчукот исецкајте го на коцки со големина по ваша желба. Булгурот потопете го со посолена жешка вода и оставете го да постои. Превртете го, промешајте го, нека нарасне убаво секаде подеднакво.

2. Сосот припремете го на следниот начин- Во мало стаклено чиниче, помешајте го сенфот со маслиновото масло. Додајте го медот и доматната паста. Додавајте сок од лимон да стане средно густо, па зачинете со чили, црн бибер и сол. Со сосот полијте го булгурот и благо промешајте.

3. Помешајте го булгурот со зеленчукот. Сервирајте.

Нека ви е слатко.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови