Бувови очи
По повод именденот на мојата ќерка Елена, ѝ по нејзина желба го подготвив овој прекрасен десерт.
Во длабок сад го подготвуваме пандишпанот.
Матиме јајца заедно со шеќерот.
Откако добиваме пенеста смеса, го додаваме брашното кое претходно му додаваме прашок за пециво и какао.
Промешуваме да се соедини смесата, па полеваме во намрсен долгнавест плех .
Печеме 10 минути на температура од 150 степени.
Одиме со подготовка на кремот.
Матиме пенесто маргарин со шеќер во прав.
Добиената смеса ја оставаме на страна.
Во друг сад ги матиме останатите јајца со шеќерот и добиената пенеста маса ја ставаме на пареа да се вари, потоа го додаваме чоколадото кршено на коцки, за да се стопи. Откако ќе излади смесата ја додаваме во претходната смеса со матениот маргарин и промешуваме со миксерот.
Врз испечениот пандишпан го нанесуваме филот рамномерно. На двата краја од ролатот полека ги редиме излупените банани и од двете страни виткаме ролат на внатре. Таму каде што двата ролата ќе се сретнат премачкуваме со фил.
Потоа со миксер ја матиме слатката павлака и кога е готова го премачкуваме целиот ролат.
Рендам од чоколада.
(Јас во кремот ставив 50 грама чоколада, а останатите 50 грама ги изрендав врз слатката павлака )
Оставаме да излади, па служиме.
На здравје
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
I jas ova go znam kako mackini oci, ama tvojov naslov nekako poveke odgovara na rolatov. Mnogu mi se dopagja!