Брускети со тиквички
Тиквичката изрендајте ја и посолете ја.
Лукот ситно исецкајте го и истолчете го или едноставно поминете го низ алатка за пресовање. Додадете 3-4 лажици маслиново масло и 1 мала лажичка за чај сув босилек (ако немате и ситно сецкан свеж ќе заврши работа). Убаво промешајте да се соедини.
Во тавче ставете малку маслиново масло, многу ситно сецканиот кромид и тиквичките, кои пред да ги ставите во тавата ќе ги исцедите со рака. Пржете додека не испари течноста и состојките омекнат.
Додека се пржат тиквичките земете 10 парчиња леб. Кај мене беше бриош кој се покажа како одличен во оваа комбинација. Наредете ги во плех и премачкајте ги со ароматизираното масло. Ставете ги во загреана рерна на 180С кратко, само мааалку да се потпечат.
Издинстаните тиквички со кромидот, тргнете ги од оган и во нив додадете го дробено сирењето и ситно исецканите ливчиња босилек. Проверете и додолете ако има потреба. По желба можи да додадете и малку црн бибер. Измешајте.
Оваа смеса нанесете ја врз секоја брускета. Врз неа ставете по едно тенко кругче домат, а врз сето изрендајте кашкавал.
Служете ги топли.
* Соодносот на состојки можи да си го прилагодите спрема вкусот.
Лиценца: Сите права се задржани
ного љубим кога крцка, мислам дека некои јадења ги јадам само заради крцкањето :) :) :) :)