Во последно време почнувам со храната што ќе ми остане од ручекот или вечерата, да постапувам како Џејми Оливер, да не се фрла ништо туку да се искористи за друг оброк.
За ручек имавме свинско месо со печурки и од тоа што остана ги направив овие брускети. Морам да признаам дека мерките се од око, навистина не мерев тоа што искористив.
Доколку имате постар леб, насечкајте го на парчиња и секое парче намачкајте го со путер или маргарин што и да имате во моментот, од горе ставете малку куркума и ставете ги во рерна на фолија да се потпечат.
Месото го кинеме на ситни парченца, кашкавалот го сецкаме и тој ситно. Печурките ги пржеме на малку масло. Откако ќе се потпечат лепчињата напрво го ставаме месото, печурките, кашкавалот и од горе наросуваме зачини, јас ставив благ буковец, малку мешан сув зачин и сушено нане.
Декорацијата е со цели печурки и малку магдонос.
Брзи, лесни и вкусни брускети...

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови