Брзински колач со бисквити
Колачов се прави многу брзо, едноставен е и секој може да го подготви.
1. На оган го подготвуваме пудингот. Прашокот за пудинг го раствораме во 150 мл вода, заедно со шеќерот, а останатите 350 мл вода ги ставаме да зовријат. Откако ќе зоврие го ставаме пудингот, промешуваме додека да се згусне и го оставаме малку да се излади.
2. Бисквитите ги кршиме на парчиња, а смоквите ги сечкаме. Сите состојки ги мешаме да се соединат, па формираме ролат. Го оставаме убаво да се стегне во фрижидер и да се спојат вкусовите.
Јас при подготовкава на овој колач бев само надгледувач и координатор. Ја испочитував желбата на мојот најстар син, да тој подготви нешто, а јас се решив да го објавам ова прво негово кулинарско дело, како нов рецепт, кој е подготвен во нашата кујна.
Важно е дека ова може секој да го подготви, а е навистина вкусно.
Забелешка
Одредете си ја дозата на бисквити, поради тоа што има различни бисквити. Смесата не треба да ви биде многу влажна ниту пак премногу сува. Можете да ставите и посно, оризово или некое друго млеко.
Можете да го направите и мрсен, со млеко и други бисквити. Исто така искористете и некое друго слатко ако сакате, на нас ни се најде ова со смоквиве.
Лиценца: Сите права се задржани