Брзински колачиња
Со миксер изматете ја свинската маст (путерот) со шеќерот и ванилиниот шеќер. Кога смесата ќе стане бледа и пенаста, додадете ги јајцата и матете уште малку. На крај додадете го брашното и пецивото изматете добро додека не добиете убаво тесто.
Ставете го тестото во готварски шприц и формирајте колачиња по желба.
Загрејте ја рерната на 180 степени, печете околу 12-14 минути или додека не станат бледо жолтеникави. Оставете ги да се оладат и залепете ги со мармалад.
Добар апетит!!!
Лиценца: Сите права се задржани