Брзи содени питки
1 чаша - 250 мл.
- Угансета је содата во киселото млеко
- Во сад измешајте брашното и ронетото сирење, додадете киселото млеко со содата, замесе тесто.
- Поделете го тестото на еднакви делови во големина која вие ја сакате, оформете топчиња.
- Секое топче засечете го со нож на крст и овде ставете мало парче сирење или кашкавал и парче маргарин.
- Наредете ги во ростерот сосема малку подмачкан со зејтин, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени се до нивно зацрвување.
Забелешка
Јас го поделив на 10 дела добиеното тесто, не некои ставив кашкавал, а на некои сирење.
Ова е пригодно за доручек и кога ќе се сетиме дека лебот кој го имаме нема да ни достаса. Сакам да кажам дека бргу се спрема.
Лиценца: Сите права се задржани
Сликани во темница,не направив некоја посоодветна слика.
Инаку од старт направив двојна доза,но заборавив да ставам и повеќе сода...сепак подобро и што заборавив бидејќи ќе ми избегаа од плехчето,не очекував дека од питки ќе ми излезат питишта :)
Немав кисело млеко при рака,па ставив јогурт,само ја намалив количината,да не дојде претечно,ставав по 2 коцки биено сирење и наместо маргарин ставив путер.
Чекај заклучок да кажам сега,Прва лига шампион.Ем брзи,ем вкусни,ем меки и нареден ден...толку издржаа,третиот ден не ги осамна
Секој да си го испроба рецептот,нема да зажали