Брзи содени питки
Состојки
- 2 чаши брашно
- 1 чаша ронето сирење
- 1 чаша кисело млеко
- 1 лажичка сода бикарбона
- малку сирење или кашкавал и маргарин исецкани на коцки
Подготовка
1 чаша - 250 мл.
- Угансета је содата во киселото млеко
- Во сад измешајте брашното и ронетото сирење, додадете киселото млеко со содата, замесе тесто.
- Поделете го тестото на еднакви делови во големина која вие ја сакате, оформете топчиња.
- Секое топче засечете го со нож на крст и овде ставете мало парче сирење или кашкавал и парче маргарин.
- Наредете ги во ростерот сосема малку подмачкан со зејтин, ставете да се пече во предходно загреана рерна на 180 степени се до нивно зацрвување.
Забелешка
Јас го поделив на 10 дела добиеното тесто, не некои ставив кашкавал, а на некои сирење.
Ова е пригодно за доручек и кога ќе се сетиме дека лебот кој го имаме нема да ни достаса. Сакам да кажам дека бргу се спрема.