Светското првенство во фудбал завршува. За финалето еве едни убави грицки кои со пиво убаво ја комплетираат целата атмосфера.
Подготовка
На почеток квасецот го ставаме во чаша со една лажица шеќер и една брашно размешуваме со малку млеко. Квасецот откако ќе стаса го ставаме во пластичен сад за замесување заедно со млекото зејтинот, омекнатиот путер, зејтинот, солта, сусамот и мелениот ким. Целата смеса ја замесуваме со брашното додека не ни се одлепи од пластичниот сад или додека не добиеме средно меко тесто. Веднаш почнуваме со формирање на грицките по желба јас ги искористив калапчињата од делимано. Направив и неколку во форма на бургии и вртени соленки. Пред печење ги премачкуваме со жолчка и зејтинот, малку посолуваме сол врз нив .Переците ги печеме на 220 степени петнаесетина минути.
За комплетен натпреварувалки дух ви е потребно и добро ладно пиво!!!

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани