Кремасто и густо изматете ги јајцата.
Додајте ги млекото и маслото и со лажица вмешајте ги останатите состојки, од кои на крај ќе го вмешате и издробеното сирење.
Доколку сметате дека ви е густа, а треба да е малку погусто од густината за подготовка на еден кекс (фото) додадете уште малку млеко. Додавањето на млеко всушност зависи од брашното, кое во случајот се мери во лажици.
Ставете го во добро намастено тавче (кај мене бр 28), посипете го одозгора со сусам и печете го на 190 степени околу 20 мин., односно додека благо не потемни одозгора и на допир ја добие потребната цврстина.
Одлична е и топла и ладна, а ви ја препорачувам да ја сервирате со кисела павлака.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Сите права се задржани