27
јан
2014
Брза хељдопита со сирење
Кремасто и густо изматете ги јајцата.
Додајте ги млекото и маслото и со лажица вмешајте ги останатите состојки, од кои на крај ќе го вмешате и издробеното сирење.
Доколку сметате дека ви е густа, а треба да е малку погусто од густината за подготовка на еден кекс (фото) додадете уште малку млеко. Додавањето на млеко всушност зависи од брашното, кое во случајот се мери во лажици.
Ставете го во добро намастено тавче (кај мене бр 28), посипете го одозгора со сусам и печете го на 190 степени околу 20 мин., односно додека благо не потемни одозгора и на допир ја добие потребната цврстина.
Одлична е и топла и ладна, а ви ја препорачувам да ја сервирате со кисела павлака.
Лиценца: Сите права се задржани
Бети, светулче брза и вкусна е :) Пробајте ја во некоја прилика ;) Позз