Брза торта со јагоди
Најпрво се чистат и мијат јагодите потоа мал дел се тргаат настрана и се оставаат за покасно, а другите се блендираат. Се затоплува водата или млекото и во него се ставаат блендираните јагоди и шеќер по желба според тоа колку благ го сакате пудингот. Кога ќе биде близу до точка на вриење се додаваат предходно растворените пудинзи. Се вари кратко исто како пудинг додека да се згусне. Се остава да се излади малку, но не премногу и внимаваме да не фати кора одозгора.
Ја земаме првата кора готов пандишпан и ја ставаме во соодветно голема тава, (јас ја филовав тортата во тава затоа што се плашев да не ми е течен филот затоа што рецептот си го измислив сама), истураме 1/3 од филот врз пандишпанот со помош на лажица, убаво го разамачкуваме по целиот пандишпан, па тавата со тротата ја ставаме во фрижидер да се олади побргу.
Потоа ја матиме слатката павлака. Ја вадиме тортата од фрижидер, па ставаме третина од изматената слатка павлака во шприц и ја филуваме тортата, врз слатката павлака ставаме крупно исецкани парчиња јагоди.
Го ставаме вториот пандишпан над слатката павлака и лесно притиснуваме. Потоа се повторува постапката, завршуваме со филот од пудинзи и јагоди, па врз тоа со слаткарскиот шприц со слатка павлака правиме цветови и врз нив ставаме прачиња јагоди.
Добар апетит!!!!
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови