Бостонска крем пита
Оваа Бостонска пита настанала во Бостонскиот хотел Паркер Хаус Хотел во 1855 година. Питата е лесна, без маргарин или слично.
Најпрво се прави кремот.
Во тенџере на оган се става млекото, стапче ванила или 1 ванилин шеќер, се остава да зоврие. Во меѓувреме во сад се ставаат жолчките и шеќерот, се матат малку со миксер колку да станат пенести, се додава густинот и уште малку се меша. Кога млекото зоврило постепено се сипува во садот со жолчки, истовремено со жица за мешање се меша. Кога целото млеко е ставено, садот со жолчките и млекото се става назад во тенџерето во кое зоврило млекото. Се става на среден оган и постојано се меша со жица додека се згусти. Се префрла во поголем сад и се остава да се излади на собна температура.
Загрејте ја рерната на 200 степени. На 2 плеха или еден со димензија 28 см. се става хартија за печење.
Се делат белките од жолчките. Белките се матат во цврст снег со прстофат сол. Настрана се матат жолчките со шеќерот. Во меѓувреме во мало садче се става млекото и путерот, се ставаат на тивок оган да се растопат. Белките се соедниуваат со жолчките, се просејува брашното за колачи помешано со пецивото. Полека смесата се соеднува со лопатка. Се додава растопениот путер малку оладен на собна темпертаура, доволно е да биде млак. Се меша да се соедни и се сипува по половина на две плехчиња или едно.
Се пече додека зарумени и биде готово околу 20-30 мин.
Кога е гото се вади и се остава да се излади на решетка. Кога е изладено се истава од калапите и хартијата,ако имате во едно плехче сечете на половина хоризонтално.
Првата кора ставете ја на рамна чинија и филувајте со цел крем, поклопете со другата кора и притиснете малку за да се спои.
Во сад на оган ставете ја слатката павлака да зоврие, кога зоврила ставете го парчето путер и измешајте, додајте ја чоколадата исечкана на коцкичи и измешајте со лажица да се растопи. Прелијте ја чоколадата врз тортата и оставете ја во фриждер 20-30 мин. да се стегне. Сечете парчиња. Излегуваат 15 средни парчиња.
Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови
Еве слика ,оладена преку ноќ,на тие првите кога се сече се размчкува од глазурата. :)
а какво е тоа брашно за колачи? се мисли на обично бело брашно?
Мило ми е што ти се допадна. :)