
15
фев
2016
Бомбици со чоколаден ликер
Едноставни, а многу вкусни бомбици.
 Во мала касерола се ставаат на тивок оган слатката павлака и чоколадото да се изедначат.
 Се трга од оган и по желба може да се додаде една лажица шеќер во прав. Се промешува и се додаваат ликерот, бисквитите, оревите, фстаците.
 Убаво сето се соединува и од млаката смеса веднаш се прават бомбици, со големина на орев и се валкаат во чоколадни трошки.
 Се редат во хартиени корпи.
Лиценца: Сите права се задржани




















