26
дек
2015
Тартуфи со Моцарт чоколаден ликер
Неееее, не станува збор за печурки.Туку.... Добив на подарок од Виена прекрасен чоколаден ликер. Не можев да му одолеам, а да не го ставам и во колачи.
Излегоа совршени тартуфи, слатки. Прво во сад над пареа се растопуваат путерот, шеќерот и чоколадото. Нека се подизлади, па се додава чоколадниот ликер.
Се промешува. Во друг сад се мати една белка, постепено се додава претходната смеса.
Сега се соединуваат лешниците и бисквитите и се додаваат во садот со белка. Убаво со рака се изработува и нека одстои 15 минути. Се формираат тартуфи и се валкаат во печен , мелен лешник
Лиценца: Сите права се задржани