Моцарт чоколадна торта - Моцарт коцки
Имавме виенски чоколаден концерт. Молчевме, се сладевме и уживавме!
Подготовка на тесто
Ги матиме белките да побелат па го додаваме шеќерот и матиме до згуснување. Го додаваме гризот и мелените бисквити, какаото и пецивото. Промешуваме со шпатула до соединување. Смесата ја делиме на два дела и ја печеме во ростер тава на 180 степени.
Прв дел од филот
Во тенџере ставаме млеко, шеќер да почне да врие, па го додаваме какаото. Мешаме и го вариме какаото кратко и на средна температура. Тргаме тенџерето на страна , го додаваме чоколадото и ликерот и мешаме до растопување на чоколадото. Ако има потреба го враќаме на рингла ама кратко колку да се растопи. Смесата треба да ни е густа скоро како еурокрем. Го ставаме убаво да излади.
Втор дел од филот
Жолчките ги соединуваме со шеќерот во прав и ги ставаме на средна температура (2,3 од 6) да се варат со постојано мешање. Кога ќе ја сменат бојата и се згуснат ги тргаме на страна и во нив додаваме чоколадо да се стопи. Оставаме да излади.
Трет дел од филот
Путерот кој ни бил оставен на собна температура пенасто го матиме. Соединуваме откако сите филови ни се сосема изладени и тоа по следниов редослед: Во чоколадниот го додаваме путерот, соединуваме со миксер, па потоа филот со жолчките, соединуваме. Филуваме кора-фил-кора-фил. Украсуваме со слатка павлака и рендано чоколадо.
Забелешка
Можете смесата за тесто да ја поделите на по пет белки и така да ви биде поделена идеално. Делот од филот со жолчки може да го варите и на пареа. Благодарност до мојата пријателка Луција која несебично го сподели овој прекрасен рецепт со нас!