Моцарт бомбоните ми се омилени и од поодамна се мислев да ги направам во домашни услови. Најдов неколку рецепти на интернет, но јас си ги направив по мој вкус и испаданаа фантастични.
Прво се прават топчињата од марципан. Јас користев готов марципан во кој додадов мелени фстаци. Смесата убаво се меси и се прават топчиња со големина на лешник(може и малку поситни)околу 40 на број.
Павлаката заедно со чоколадото се става на тивок оган и со постојано мешање се чека да се стопи чоколадото(до пред вриење). Се остава малу да олади и се додаваат останатите состојки. Оваа смеса се остава во ладилник убаво да се олади. Потоа со рака се формираат бомбици кои се валкаат во мелени фстаци и во средина се прави мало дупче во кое се става марципанот.
Се оставаат да се изладат, послужете и уживајте.

Фотографиите во овој рецепт се авторски фотографии.

Лиценца: Криејтив Комонс - Наведи извор - Некомерцијално - Сподели под исти услови